Само 2 жени градоначалнички, останатите 79 се мажи

Facebook
Twitter
Email
Print


Во вчерашниот втор круг од локалните избори во земјава, само две кандидатки добија доволен број гласови за да бидат избрани за идни градоначалнички на општините. Само 2 избрани градоначалнички годинава, останатите 79 градоначалнички позиции им припаднаа на мажите.

Овој поразителен резултат е последица на фактот што во земјава не постојат квоти за балансирана родова застапеност на градоначалничките позиции во општините. Ова е најлоша родова распределба на градоначалничките мандати од локалните избори во 2009 година, кога не беше избрана ниту една жена на оваа функција.

Овој низок процент на жени градоначалнички беше очекуван, со оглед на тоа што од вкупно 299 кандидати за градоначалник на овие избори само 25 беа жени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи