Скопје и 43 општини избраа градоначалници во вториот круг

Facebook
Twitter
Email
Print


Државната изборна комисија вчеравечер ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници.

Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК Александар Даштески, ќе бидат објавени денеска.

Согласно објавените првични податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во: Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во 7 општини и тоа во: Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.

Алијасна за Албанците и Алтернатива има градоначалници во Врапчиште и Гостивар, а БЕСА во Желино и Тетово.

ГРОМ има нов градоначалник во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП и ДОМ освои градоначалничко место во Шуто Оризари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи