Редовната комуникација на граѓаните со општинската администрација – клучна за зголемен број на е-услуги во руралните општини


Согласно моменталната состојба во нашата држава, дигитализацијата на услугите на локално ниво ја карактеризира следнава изјава:

Повеќето обезбедени електронски услуги (е-услуги) се наменети за деловниот сектор, а еден помал дел од овие услуги се однесуваат за граѓаните..

Главни причини за ваквата состојба се:

  • слабата развиеност на ИКТ во општините;
  • недоволната дигитална писменост на административниот кадар, како и
  • немањето на системски пристап на локалните политики
  • немањето на ИКТ инфраструктура, како и ИКТ сектори/одделенија

Постои ДИГИТАЛЕН ЈАЗ помеѓу големите и развиени општини и малите рурални општини

Главна порака која што руралните општини ја праќаат за надминување на ваквата состојба е дека значаен аспект при воведувањето на е-услугите на локално ниво е да се обезбеди пристап до потребната ИКТ-инфраструктура за граѓаните и претпријатијата кои истата не ја поседуваат, а со цел да се овозможи користење на соодветната е-услуга.

Во однос на редовната комуникација со општините, нешто повеќе од половината од 155 граѓани од три рурални општини одговориле дека имаат редовна комуникација со општините, односно 58.7%.

Додека пак останатите одговориле дека немаат или не оддржуваат никаква комуникација со општините затоа што:

  • неколку пати општината не одговорила на нивните барања и потреби;
  • претставниците на општината се тешко достапни за комуникација со локалното население ОСВЕН ВО ПЕРИОД НА ИЗБОРИ;
  • административните службеници во општината многу ретко може да се најдат на нивните работни места;
  • нема стручни и професионални службеници кои што би одговориле квалитетно на барањата на граѓаните.

Граѓаните најчесто ги контактираат општините за издавање на потврди по различни основи, решавање на инфраструктурни проблеми вклучувајќи ги тука комуналните услуги и јавното осветлување, како и решавањето на проблемите со водоснабдувањето, канализационата мрежа. ЗАГРИЖУВАЧКИ е фактот дека 33% од граѓаните услугите или информациите ги добиваат преку лични врски или контактирање на познаници-вработени во општините.

Кога станува збор за електронските услуги на руралните општини, 47% од граѓаните одговориле дека општината нема електронски услуги, а дури 40% одговориле дека воопшто немаат информација дали нивната општина има и нуди електронски услуги, а само мал дел односно 12,9% одговориле потврдно

Од граѓаните кои одговориле потврдно, како е – услуги кои ги нуди општината ги наведуваат градежните дозволи и е- данок.

И покрај напорите за воведување на дигитализацијата на локално ниво, и воведувањето на поголемиот број на е-услуги кај општините, само 8,% од испитаниците имаат користено електронска услуга додека доста голем процент односно 92% воопшто не користеле.

Главни причини за некористењето на е-услугите според граѓаните на Врапчиште, Кривогаштани и Старо Нагоричане:

  • немањето на информација за достапноста на услугите (43,8%)
  • потребна им е поддршка во процесот на користење на е-услуги (30%)
  • недовербата во електронското издавање на документи (28%)

А кон овие податоци се надоврзува и тврдењето дека и покрај Ковид пандемијата, степенот на  користење на локалните е-услуги од страна на граѓаните во руралните општини не беше зголемен (68,4%) што се докажа и со гужвите пред шалтерите и банките во текот и на најстрогите мерки за заштита и спречување на заразата со Ковид 19, а тоа се потврдува и со податокот дека само 5% од граѓаните за време на Ковид пандемијата комуницираат со општината по електронски пат.

Ова се само дел од изјавите и резултатите кои што го испишуваат интегрираниот извештај кој што говори за достапноста на е-услугите во руралните општини и колку ваквите услуги и нивниот развој придонесуваат за да се направи чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација. Извештајот е изготвен во рамките на проектот “Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација“ кој што го спроведува Рурална Коалиција, а е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија).

Целиот извештај е достапен на веб страницата на Рурална Коалиција на следниот линк: https://rural.mk/…/2021/10/E-services-report-final_RK.pdf

Автор: Рурална Коалиција

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи