Владата донела Уредба за енергетска кризна состојба

Facebook
Twitter
Email
Print


Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и првата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности била донесена во саботата од страна на Владата, и објавена вчера во Службен весник.

Станува збор за документ кој се донесува во согласност со Законот за управување со кризи и кој овозможува координација на надлежните институции, но не значи и автоматско прогласување на кризна состојба поради нарушено снабдување со електрична енергија.

„За критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушување на пазари на елeктрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности“, се вели во воведот на Уредбата.

За воведување на електроенергетска кризна состојба потребно е да се формира Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија. Таа Комисија е составена од десет члена и тоа, по еден претставник од Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, ОЕПС, ОПЕЕ, Операторите не електро дистрибутивните системи. Мандатот на членовите изнесува четири години.

Комисијата врши проценка на состојбите со снабдувањето со електрична енергија во Македонија и во соседните држави. Изготвува и доставува министерот за економија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи