Денеска во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2021. Изложени се над 20 дела создадени од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторiите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.
Колонијата Дрен 2021 се одржа во јули со поддршка на Министерството за култура. Досега на колонијата ДРЕН, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.
143