На 02.11.2021 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.А.(27) од Прилеп, затоа што во неговото патничко возило превезувал огревни дрва без соодветна документација.
Тој бил приведен во полициска станица, а дрвата биле одземени и предадени во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.