На 02.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, биле преземени 19 мерки и тоа 13 за возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место и 6 мерки за возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина надвор од населено место. Откриени се и 4 други видови прекршоци.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.