Средба на градоначалникот Јовчески со амбасадорите на Германија и Франција


Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорите на  СР Германија, Анке Холштајн и на Република Франција, Сирил Бомгартнер. Ова е прва посета на дипломатски претставници во Општина Прилеп по назначувањето на Јовчески за градоначалник .

Од Општина Прилеп информираат дека на средбата се разговарало за унапредување на меѓусебната соработка и размена на искуства со тенденција истите да се  продлабочуваат со уште  понагласена динамика.

„Остваривме една работна средба во кабинетот на Општина Прилепкаде остваривме  продуктивен разговор на кој ги запознав со сите идни проекти во програмата за разубавување и унапредување на градот. Се надевам дека во иднина ќе оствариме и други средби и со нивна помош ќе можеме соработката да ја унапредимедо тоа ниво за да се побратимиме со нивни градови“, изјави градоначалникот Јовчески.

Претходно на Германските гробишта во Прилеп во присуство на амбасадорите на Германија и Франција во Македонија, Анке Холштајн и Сирил Бомгартнер, беше одбележан Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи