ВИДЕО – Општина Прилеп немала законски ингеренции да возобновува опожарени домови


На денешната седница Советот на Општина Прилеп го одби барањето на советниците на Левица за итно ставање на точката на дневен за решавање на станбеното прашање на социјално-загрозените семејства чии домови, т.н.социјални бараки во населба Варош, беа опожарени пред повеќе од 3 месеци.Од Левица обвинуваат дека 4-те семејства кои останаа без дом биле изиграни од минатата локална власт, но дека истото се случувало и сега.

„Денешната точка ни беше отфрлена од страна на претседателот на совет, Дејан Проданоски, со образложение дека е далеку од итна, јас незнам што според нив спаѓа во итна точка, дали е поминување на буџети поитно од решавање на проблемите на народов. Втора забелешка која ја имавме е дека ние како советници немавме ни право да поднесуваме точки на дневен ред, што е чиста глупост. За некого деловников важи, за некого не важи, правдата е селективна како што беше порано така е и сега“, вели Иван Јованоски, советник на Левица Прилеп.

На седницата беа присутни и граѓаните на кои им изгореа домовите. По завршувањето на истата беа повиканаи од страна на Комисијата за елементарни непогоди каде иим било кажано дека ќе иим бидат префрлени по 50.000 денари на секое семејство, пари кои им беа ветени уште од претходната локална самоуправа, но не им беа дадени поради започнување на изборниот процес и законските пречки. Но тие велат дека овие пари нема да им помогнат многу, бараат да им се обноват нивните домови.

„Денеска ни беше кажано дека ќе имаме одобрено средства по 50.000 денари, но не ни беше кажано дека ќе ни биде обезбедено нашето станбено прашање. Ние пак остануваме да живееме пок кирија“, рече Дејанчо Настески, жител на изгорените бараки.

Претседателот на Совет, Дејан Проданоски, телефонски ни истакна дека Општината нема законски ингеренции да возобновува опожарени домови, тоа со било надлежност на министерството за труд и социјална политика. Во надлежност на општината било давањето на еднократната парична помош која уште утре ќе легнела на сметките на овие граѓани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи