Министерот за економија Крешник Бектеши се огласи на својот Фејсбук профил по повод одлуката на Управниот одбор на АД ЕСМ за кадровски промени со кои се разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Воедно, Бектеши напиша дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и дека нема да има рестрикции на електрична енергија.
„Давам целосна поддршка на одлукaта за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите. Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите.
Нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година.
Нема да има рестрикции на електрична енергија.
Посветено ја следиме работата енергетските компании“, напиша Бектеши.