Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го објави неделениот извештај за состојбата со коронавирусот.
Минатата недела се евидентирани 2 855 оздравени лица.
Бројот на новозаразени минатата недела е помал за 8,9 % во споредба со неделата претходно.
Минатата недела се регистрирани 49 реинфекции со коронавируост. Заклучно со 21 ноември вкупно се пријавени 870 реинфекции.
Регистриран е и помал број на тестови, а процентот на позитивни од тестирани се движи од 11 до 17 проценти.
Активни на ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.