МОН ги објави резултатите од конкурсите за ученички стипендии за учебната 2021-2022

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2021-2022 година.

На веб-страницата на МОН се објавени добитниците на различни категории ученички стипендии заедно со договорот за стипендија.

Најдоцна до 3 декември 2021, секој добитник на стипендија треба да го симне и пополни во три примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН.

Одбиените кандидати ќе имаат можност да поднесат приговор до Министерството, на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје или преку електронската адреса: ucenicki.stipendii@mon.gov.mk, откако на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

МОН доделува стипендии за: социјална поддршка на ученици; за ученици со посебни потреби; за талентирани ученици; за талентирани ученици – спортисти; за талентирани ученици – уметници;  за ученици запишани во дуални паралелки; за запишани во тригодишно стручно образование; за ученици Роми и за ученици од наставата за неколку видови струки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи