Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги посетил повредените од преживеаните од сообраќајната несреќа во Бугарија. Османи кажа дека работи на тоа да им ја олесни комуникацијата на семејствата на жртвите и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идентификација на жртвите.
„Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат започнато истрагата. Тука се и нашите експерти доколку треба да помогнат“, изјави Османи.