Младинските тимови на ученици од десетте средни училишта од десет ралични општини вклучени во проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, подготвија и доставија свои предлози до локалните самоуправи.
Имено после серијата средби со локалните администрации и политичари младинските тимови имаа свои работни средби на кои ги утврдија своите предлози како: зголемување на културни настани, збогатување на библиотечните фондови, изградба на повеќе спортски терени и подобрување на условите на постоечките, подобрување на условите за велосипедисти и пешаци, подобрување на транспорт помеѓу населените места, отворање младински инфотмативни центри, преуредување на училишните дворови и ходници и други предлози.
Овие предлози се доставени до општините за тие кога ги подготвуваат програмите и буџетите за наредната 2022 година да ги имаат во прeдвид предлозите на младите и да ги вклучат во новите програми.
Овој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.