Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за кадровски промени, односно смена на директорските позиции во РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Разрешен е досегашниот директор на РЕК Битола Златко Ќурчиевски, а на негово место како в.д. директор е поставен Пеце Матевски, досегаш директор на Термоелектрана.
Исто така разрешен е и директорот на РЕК Осломеј Златко Пиперкоски, а на негово место за в.д. директор е назначен досегашниот технички директор во Рудници, Стојан Мицкоски.
Според ЕСМ, во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.