Рубин Абрашоски е нов директор на ЈКП „Комуналец“ во Прилеп


Рубин Абрашоски, е нов в.д  директор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп. Абрашоски, доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Велески, кој поднесе оставка од функцијата.

Од ова јавно комунално претпријатие соопштуваат дека градоначалникот  Борче Јовчески, изборот го направил од постојните вработени  во препријатието, каде Абрашоски,  изминативе 16 години бил  докажан професионалец во своето работење во струката.

„По вокација, Абрашоски е земјоделски инжењер, и досега  ги извршува работните задачи како раководител на Одделението за  хортикултура. Неговото работно искуство во оперативниот дел, познавањето на сите сектори на ниво на претпријатие, како и познавањето на вработените,  се гаранција  да му се довери највисоката функција во  јавното претпријатие, кое е од суштинско значење за функционирање на градот во делот на правилно тертирање и управување со отпадот, јавната чистота, одржувањето на паркови и зленило, управувањето и одржувањето на градските гробишта и ДООЕЛ „Терминал“ Комуналец  Прилеп“, велат во соопштението ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи