Агенцијата за вработување на Република Македонија денес изврши редовна исплата на младински додаток за месец октомври 2021 година и на 3.787 корисници на младински додаток исплати 11.952.930,00 денари.
Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование вработени во дејностите на производство и земјоделство.
На овој начин истовремено се придонесува за подобрување на нивниот животен стандард и се задоволуваат потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.