Членовите на Централното претседателство на Алтернатива утревечер во 18 часит треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, и тоа ќе донесе одлука дали тие ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок.
Претседателот на партијата Африм Гаши минатата недела беше на средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на која беше официјализиран предлогот Алтернатива да биде дел од владината коалиција, со што исто така со нивните четворица пратеници би се зголемило и мнозинството во Собранието.