Маж во Северна Кореја е осуден на смртна казна, откако бил фатен како шверцува копии од јужнокорејската серија „Squid game“, која стана една од најгледаните серии на „Netflix“, но и во светот воопшто. Властите го пронашле осуденикот, откако откриле дека средношколци ја гледаат серијата.
Според медиумите, копиите од серијата биле прошверцувани преку УСБ од Кина, каде шоуто е недостапно, но истовремено и многу популарно бидејќи граѓаните го гледале преку пиратски веб страни.
Сè започнало кога средношколец потајно купил УСБ со јужнокорејската серија „Sqiud game“ и ја гледал со најдобрите другари од класот. Тој тајната ја споделил и со други средношколци кои биле заинтересирани за серијата, па им го позајмил УСБ-то. Меѓутоа некој дојавил до цензурата, која подоцна ги фатила средношколците.
Мажот кој ја шверцувал серијата е осуден на смрт со стрелање, додека ученикот кој го УСБ-то со серијата е осуден на доживотен затвор. Останатите шест ученици кои ја гледале „Squid game“ се осудени на пет години тешка физичка работа.
Казни има и за наставниците и училишната администрација кои се отпуштени од работа, а најверојатно ќе бидат казнети и со работа во рудници.
Ова е првпат владата да санкционира некого според новиот закон што треба да спречи странско влијание во Северна Кореја. Според тој закон, Пјонгјанг строго го казнува секој кој поседува странски филмови, облека или пак користи сленг. Со овој закон власта се бори против она што режимот го нарекува „реакционерна мисла“. Секој кој ќе биде фатен со голема количина на содржина од Јужна Кореја, САД или Јапонија, се соочува со смртна казна, а оние кои гледаат такви снимки се соочуваат со затворска казна до 15 години.