Продолжува незаконското горење на кабли и гуми во Прилеп. Чрн чад, кој екстремно го загадува воздухот, скоро секој ден се гледа од населбата Тризла. За овие нелегални дејствија со години никој не презема ништо, ниту инспекторите, ниту полицијата.
Бакарот и другите метали потоа легално се продаваат по отпадите, иако сите знаат од каде и на каков начин се стекнати истите.
Останува нејасно зошто се дозволува овој криминал, се пречутуваат кражбите, а не се стопира ниту загадувањето на животната средина.