16 оздравени и 18 новозаразени од ковид-19 во Прилеп


Според податоците на Министерството за здравство, во последните 24 часа направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на коронавирус.

Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 246, Битола – 41, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 21, Прилеп – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Струмица и Гевгелија – по 9, Валандово – 7, Берово – 6, Штип – 5, Кичево, Крива Паланка, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Свети Николе, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар , Струга, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Радовиш, Делчево, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Осумнаесет починати од ковид-19 се регистрирани во денешниот извештај на Министерството за здравство, од кои 14 починале изминатите 24 часа.

Изминатите 24 часа регистрирани се: 3 починати лица од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г). Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 9 до 22 ноември. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

Регистрирани се 505 оздравени пациенти од: Скопје – 230, Битола – 50, Кавадарци – 32, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Прилеп, Велес и Тетово – по 16, Крива Паланка – 14, Куманово – 12, Берово – 11, Неготино – 10, Штип и Кратово – по 7, Охрид и Радовиш – по 6, Кичево, Богданци и Виница – по 5, Струмица, Валандово и Гостивар – по 4, Ресен – 3, Пробиштип – 2, Демир Хисар, Струга, Макденоски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на ковид-19.

Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 213.779, оздравени се 197.998, починаа 7.492, активни случаи се 8.289.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи