Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека едниот од возачите на автобусот на „Беса транс“, не бил вработен во компанијата и имал сертификат со важност до ноември 2023 година, а другиот возач не бил вработен во ниту една фирма за да ја врши таа дејност и му бил истечен сертификатот во деветти месец 2020 година.
Воедно, Бочварски истакна дека во Македонија има застој во полагањето за сертификати за возачи.
„Од март оваа година има застој во полагањето за сертификати за возачи. Овие неколку месеци има околу 1.500 возачи на кои што им истекол сертификатот и треба повторно да полагаат за да го продолжат“, рече Бочварски.