Денеска во зелената сала на Општина Прилеп градоначалникот Борче Јовчески ги додели новите решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
„Оваа постапка во наредниот период ќе продолжи и понатаму со позасилено темпо и поголема транспарентност пред граѓаните. Со легализацијата се опфатени барањата на граѓаните поднесени во 2011 година, како и дел од барањата што се однесуваат на 2016 и 2018 година од продолжениот рок“, се вели во соопштението на Општина Прилеп.