Делови од Македонија утрово осамнаа со снег. На сите повисоки планини во земјава имаше врнежи од снег, каде се формираше и снежна покривка.
Според видеокамерите на „Ski Macedonia“ се гледа снежна покривка и на најпознатите скијачки центри.
Моментално снег има во туристичкиот центар Пониква, зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, и во Маврово.