Размена на искуства за животната средина во Општина Лусада, Португалија


Како дел од проектот „Европски сојуз за поддршка на волонтери“ финансиран од Европска Унија, тимот на ЦГИ Прилеп заедно со претставници на организации од Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Латвија имаа можност да се сретнат со претставници на општината Лусада од Португалија.

Претставниците од општината ги презентираа своите проекти, а потоа и објаснуваа за нивната стратегија и организираност по однос на зачувување на животната средина. Инаку, Општина Лусада е една од подбро организираните општини во Европа кога станува збор за активности и проекти поврзани со зачувување на животната средина, соработка со граѓански организации и особено добрите стратегии за волонтеризам, а многу Европски земји праќаат и свои претставници во оваа општина за да ги научат нивните стратегии кои се отворени за јавноста.

 

На гостите им беше претставен и начинот на кој Општина Лусада собира и организира волонтери кои доаѓаат не само од Португалија, туку од целиот свет. Како волонтер може да се пријави било кој, а обезбедено им е сместување и храна, но не добиваат пари, сепак Општина Лусада има повеќе од 9000 волонтери годишно. Иако за оваа стратегија е потребна инвестиција, резултатот од работата на волонтерите секогаш придонесува позитивно кон економијата на општината.

 

Оваа општина е пример за хармонија, труд и добра организација и навистина вреди да се посети.

Автор : Центар за грраѓанска иницијатива Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи