Формирана работна група за пренесување на починатите од сообраќајната несреќа во Бугарија

Facebook
Twitter
Email
Print


На вчерашната редовна седница Владата ја разгледа информацијата за планот за пренесување на повредените лица и на телата на починатите во сообраќајната несреќата во Бугарија за што е формирана работна група предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во која уште членуваат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче.

Владата го задолжи Министерството за здравство да обезбеди соодветни амбулантни возила за повредените лица и целосно да ги покрие финансиските потреби за нивниот транспорт во земјата, како и да обезбеди соодветна здравствена нега, без разлика дали повредените лица се осигуреници во Фондот за здравствено осигурување или не.

Министерството за надворешни работи е задолжено да изврши избор на соодветно транспортно претпријатие и во целост да реализира достоен транспорт на посмртните останки на починатите од Република Бугарија до Република Македонија, а средствата за транспортот и погребот во целост да ќе ги покрие Генералниот секретаријат на Владата.

Министерството за внатрешни работи е задолжено да обезбеди непречен премин со полициска придружба од границата со Бугарија до крајните дестинации.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи