Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е за 11.7 % зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4 398 бракови, додека според податоците на Државниот завод за статитика, добиени се 480 извештаи за разводите.
Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 % и изнесува 5 065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30.7 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7 209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, за природното движење на населението во Република Македонија.