Градежните активности на гимназиската зграда тековно се одвиваат, соопштуваат од Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп.
„Во моментов се работи на фасадата и поставувањето на алуминиумска дограма на предната страна од десното крило, кај што се наоѓаат кабинетите, библиотеката и канцелариите.
Потоа ќе следи генерално внатрешно чистење на сите простории, спортската сала и дворната површина со цел, учениците во второто полугодие, безбедно да ја следат наставата во реновираното училиште.
Со реконструкцијата се обезбедува заштеда на енергија и голема енергетска ефикасност“, стои во соопштението на официјалната страна на гимназијата.