Од утре забрана за употребата на пластични кеси

Facebook
Twitter
Email
Print


Од среда, 1 декември, ќе стапи во сила забраната за пластични кеси, односно ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари за специјален фонд за животна средина.

Кесите за отпад и малите кеси за замрзнување коишто се продаваат во маркетите и продавниците, се исклучени од новиот Закон за управување со отпадот. Цената на овие производи ќе остане иста и тие нема да бидат исфрлени од употреба.

Пазарните инспектори ќе контролираат дали се продаваат биоразградливи кеси, дали трговците водат евиденција за бројот на продадени кеси согласно утврдената цена од 15 денари. Глобите за непочитување на законските решенија се движат од 1.000 до 20 илјади евра во зависност од големината на компанијата и видот на прекршокот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи