Во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ денеска е отворена изложба на дела од колонијата Нижополе. Изложени се 20 –ет слики од исто толку уметници, учесници низ годините на колонијата, која постои од 2000-та година.
Ова е само мал дел од големото богатство на дела што ќе бидат на увид пред јавноста во наредните две недели.
На колонијата „Нижополе“ во изминатите 20 години учествувале и твореле над 300 учесници од земјата и од странство, кои создале преку 700 уметнички дела.