Зголемен е бројот на жени жртви на семејно насилство како последица на пандемијата со ковид-19, коментира за БТА сопругата на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Билјана Ангелова.
Таа е иницијатор на кампања за поддршка на жртвите за семејно насилство. Веќе се испратени писма до градоначалниците во Македонија со барање да се одржат собири на 12 декември во 12.00 часот на плоштадите во повеќе градови во земјава, вклучително и во главниот град Скопје, за да се каже „не“ на семејното насилство.
Мотото на кампањата е „СТОП на семејното насилство! Бидете храбри“ .
Ангелова вели дека во Бугарија пред пандемијата, секоја четврта жена била жртва на семејно насилство, а во Македонија – секоја трета и додава дека пандемијата ја влошила состојбата.