„Комуна“ е на терен и работи на расчистување на снегот и обезбедување на пристап, полесно и безбедно движење, а во својата работа се води исклучиво од Програмата за организирање и функционирање на зимското одржување на улици и општински патишта на подрачјето на општина Крушево за сезоната 2021 година.
„Комуна“ најпрво започнува со работа на дефинираните улици и пристапи од прв приоритет. Овој дел вклучува пристапи до објекти од витално значење, како здравствен дом, образование и други, и на делови од улици кои се поврзуваат со главната сообраќајница и попрометните улици во градот. По расчистување на овие делови претпријатието со асистенција на полициска станица и општина Крушево пристапува кон расчистување на улици од втор приоритет.
„Во своето работење Комуна се организира исклучиво според програмата која ја носи советот. Исто така, ние правиме свои проценки кои генерално се движат во насока на обезбедување пристап до објекти од витално значење, главната сообраќајница, улиците кои се поврзуваат со главната улица и слично. Целосно сме подготвени за зимската сезона и веќе сме натерен и работиме.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.