Трудовата експлоатација е најзастапена експлоатација во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print


Според податоците на МВР, трудовата експлоатација е најдоминантна форма на експлоатација во Македонија. Ова го истакна заменик националната координаторка на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, Светлана Влаховиќ-Димановска, на денешната дебата за борбата против трговијата со луѓе во Македонија.

„Оваa година во нашата држава е констатиран тренд на зголемување на бројот на идентификувани жртви. Досега се идентификувани 46 жртви на трговијата со луѓе. Секако дека може многу повеќе и ние се залагаме за поенергична активност“, рече Влаховиќ-Димановска.

Широката распространетост и лесниот пристап на интернет, како и масовното користење на социјалните мрежи од страна на децата од една страна и нивната неискусност во поглед на препознавање на ризиците од трговијата со луѓе и нивната недоволно запознавања на заштита на личните податоци, од друга страна, според Влаховиќ-Димаовска, енормно го зголемува ризикот од сексуална експлоатација и од врбување на децата како потенцијални жртви на трговијата со луѓе.

Во април годинава Владата ја донесе четвртата по ред Национална стратегија за борба против трговијата со луѓе, која ја следите ЕУ стратегијата за справувањето со трговијата со луѓе. Покрај ова донесена е и посебен Акциски план за заштита на децата во државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи