Од денеска, комуналците започнаа со чистење на обиколницата од кај Жито Прилеп и излезот во Варош. На овој потег подолго време не е извршено темелно чистење.
По локалниот пат направени се голем број диви депонии каде се исфрлени големи количини на комунален и градежен отпад, асфалт отпадни гуми и што ли уште не.
Отпадот од дивите депонии се собира со градежни машини и се транспортира во депонијата Алинци.
По дислокацијата на дивите депонии, комуналците ќе продолжат со чистење на трње и шипови, како и косење на сува трева и собирање на отпадоци.
Според оперативците од „Комуналец“, на овие два потези, обиколницата и излезот во Варош, ќе се работи една недела.