Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.
Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.
Претходно, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, објави дека разговарал со заменик главниот обвинител Борислав Сарафов и бугарската влада и дека е донесена одлука телата да се транспортираат со бугарски авион. Од Меѓународниот аеродром преку државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата.