На 4 декември 2021, сабота од 12.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана „ТРИ“ првата професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица во нашата земја на македонски јазик. Претставата, во режија на Јован Ристовски, зборува за еко-катастрофата, за нехигиената, недисциплиата и некултурата на поголемиот дел од населението во нашата земја.
Претставата е наменета е за широката детска публика и истовремено за децата кои се глувонеми и наглуви. Актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик. Добредојдени се сите љубители на театарската уметност. Влезници на билетарницата од Центарот во петок 3.12. од 11 – до 13 часот и во сабота 4.12. пред почетокот на претставата.
Податоци за претставата
Продукција:ATO
Режија:Јован РистовскиJovan Ristovski Jovica
Актери:Никола ПројчевскиНикола Пројчевски– Sвонко Бонбонко
Маја Андоновска Maja Andonovska Ilijevski– РОЗЕ
Анастази Христовска Anastazia Hristovska– СИНКА
Сандра Грибовска@Sandra Gribovska – ЛИЛА
Костимографија:Марта ДојчиновскаMarta Dojcinovska
Шминка:Симона РистевскаSimona Ristevska
Дизајн на плакат: Димитар РистовскиDimitar Ristovski
Толкувач на знаковен јазик: Сузана СтаноевскаSuzana Stanoevska
Поддржано: GIZ / ГИЗ Германска интернационална агенција за соработка и Министерство за култура /
-Инспирацијата за претставата потекнува уште од 2010 година, точно пред 11 години, кога го режирав интернационалниот музички фестивал Тра ла ла во Битола. Две – три недели пред музичкиот фестивал дојдов до фикс – идеја да поканам глувонемо дете кое на крајот од фестивалот на знаковен јазик ќе го интрпретира монологот кој беше на тема косомос со порака дека ние сите сме поврзани едни со други. Некои соработници коментираа дeка е луда идеја на музички настан да настапува глувонема особа, но бев истраен и стоев до идејата до крај. Говорниот монолог беше снимен кој одеше на play back во интерпретација на актерка, а на сцената во живо пренесувајќи го Македонската Телевизија глувонемо девојче го интерпретираше на знаковен јазик монологот кој сите во салата го слушаа. Беше сензација за сите. По завршувањето на фестивалот, дознав дека соучениците на глувонемото девојче биле исто така во публиката…. тие едноставно уживале, беа пресреќни што присуствуваат на таков настан. Бев шокиран, збунет, фасциниран од нивните реакции и емотивно погоден од фактот дека глувонеми деца беа пресреќни на музички настан кој не го слушаат. Тоа ме донесе до идеја, и до прашањето – Што ако им направам претстава на тие деца со оштетен слух на знаковен јазик!? Ако се среќни со музички настан кој не го слушаат, тогаш тетараска претстава на знаковен јазик за нив би била вистинска сензација за доживување. Нашата земја и култура генерално беше и сеуште е заинтерсирана за проекти на тема сплотување на етничките разлики – сакам да кажам дава поддршки за таков вид на проекти…Сме направиле претстави на турски, албански,ромски српски, влашки, англиски германски… сите можни етнички групи сме ги задоволиле на сите нивни јазици, но никогаш на знаковниот. Се давале огромни буџети за проекти за овие етнички групи како општествен таргет, но за ваков тип на проекти никогаш не биле присутни и третирани како битни во професионалните тетарски и филмски оставрувањаи во останатите опшествени структури. Пред се, глувонемите лица – знаковниот јазик го третираат за мајчин јазик. Тој факт ме донесе до ниво да размилувам дека и знаковниот јазик е дел од нашиот идентитет, како што македонскиот јазик е еден од најбитните богатства и битна одлика за градење и битна одлика на идентитетот на нашиот народ, Ако за некој граѓанин мајчин јазик е турски, или македонски или влашки, така и знаковениот јазик за некој друг граѓанин е мајчин јазик.Ова се сериозни прашања кои допрва ќе се обработуваат во контекст на обогатување на знаковниот јазик бидејќи секој јазик е жива материја која се развива.Глувонемите лица имаат поинакви проблематики со образованието како што се бројот на застапеност на часови за знаковен јазик итн….. Случајната фикс идеја за монолог на знаковен јазик на музички детски фестивал ме донесе до реализација на идејата за претставата ТРИ во која актерите зборуваат говорно и во исто време го изведуваат говорното дејствие на знаковен јазик. Како тетарска екипа се судривме со една многу непозната материја која требаше и сакавме да ја совладаме.Театарската уметност познава и негува различни методи на работа, од актерски жанрови до стилска игра итн. Но оваа материја, знаковен јазик, говор во исто време, експресија на емоции, патот на мислата и нaмерата на ликот, па се до актерската игра, реакциjaтa, мизансценот и тоа да се одигра паралелно, колку и да изгледа во претставата нормално и речиси воопшто не делува ни чудно или наметнато… е напорно и тешко за еден актер. Умот не мисли исто како што актерот е едуциран да мисли и да работи. Проектот го работевме во два месеци, но спорд мене после цел процес, за ваков театар, потребно е 4 месеци, a ако се прави претстава за возрасни мислам дека е потребно 6 до 8 месеци работа со актерите. Бидејќи театарската екипа не го познаваше знаковниот јазик и бидејќи е детска претстава, фондот на зборови што го користевме е мал, за да може да биде разбирлив и за глувонемата публика и за широката публика која после претставата излегува со некое познавање на изрази (знаци) и букви на знаковен јазик. Сцените и репликите ги создававме во текот на процесот кои ги адаптиравме. Секоја реплика прецизно ја обработувавме за да има тек и во говорното дејствие и во знаковното толкување – вели режисерот Јован Ристовски, потенцирајќи дека реакциите на публиката се
… едноставно љубов. Радост. Исполнетост.