Информациите кои што ги добиваме се навистина алармантни. Зоран Заев во заминување е подготвен да потпише нов договор, иако не убедуваше дека ги решил сите отворени прашања со соседите, во кој што делумно или целосно ќе ја прифати резолуцијата усвоена од бугарскиот парламент во ноември 2019 година. Ова денеска во Прилеп го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Тоа преставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот на македонскиот народ. Бидејќи е во заминување, загрижен сум дека може да го направи овој потег на самото заминување, а понатаму последиците сите ние да ги плаќаме. Имајќи ја предвид неговата состојба во моментот и неговите односи во владата и коалицијата со ДУИ, да бидам попрецизен коалицијата со Али Ахмети и со Артан Груби, се сомневам и загрижен сум дека овие информации се вистинити и дека тоа може да се случи. Затоа мојата порака беше до новата Влада кај нашиот источен сосед и до претседателот Радев дека овој едностран договор на Влада која што е без кредибилитет, бидејќи беше поразена жестоко на изминатите локални избори, ние како ВМРО ДПМНЕ немаме намера да го почитуваме, затоа што тоа ќе значи директен удар врз идентитетот на македонскиот народ и директен удар со цел асимилирање на македонскиот народ, нешто што нема никаква врска со вредностите на 21 век и нема никаква врска со вредностите на ЕУ“, истака Мицкоски.
Мицкоски рече дека тие биле подготвени да разговараат со секого за тоа што било пред нас, а не за тоа што е позади нас. Рече дека тој немало да прифати никакви уцени.
„Да разговараме за добро образование, да разговараме за туризам, да разговараме за инфраструктурно поврзување, да разговараме за сето она кое нуди прогрес и нуди иднина. Да не се враќаме во минатото затоа што тоа се теми кои се болни на Балканот и нема да прифатиме никакви уцени и ќе ги повикаме нашите пријатели во Брисел да не поддржат, бидејќи ние сме луѓе кои сакаат да споделуваат европски вредности за иднината, а не за минатото“, додаде Мицкоски.