После вчерашното известување дека во делови од Прилеп водата беше неисправна за пиење, ЈКП „ Водовод и Канализација “ – Прилеп денеска известува дека водоснабдувањето на ден 3.12.2021 ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 270л/с, од кои 230л/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с сопствени извори.
Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:
– Егејска.