На 02.12.2021 во ОВР Прилеп било пријавено дека на пат за Вештачко Езеро во Прилеп настанал пожар во патничко моторно возило „рено меган “ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.С.(29) од Прилеп, кое претходно било оставено незаклучено и одземено на ул. „Прилепски бранители“. Увид извршила екипа на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.