Предусловите за влез во Грција продолжени за уште една недела


Актуелните правила и мерки за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Македонија, се непроменети и продолжени за уште 7 денови.

Документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување во Грција.

Невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата.

Документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест задолжителни се и за влез во затворените објекти во Грција, со исклучок на супермаркетите, продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките.

Туристите за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата.

Од Македонија во Грција може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи