ВИДЕО – Започна откупот на тутунот, се очекуваат повисоки цени од лани, сите претпазливи во проценките како ќе биде


Започна откупот на тутунот, кој засега се одвива без поголеми проблеми за тутунарите и со цени кои се повисоки од лани. Поради подобриот род годинава тутунарите не очекуваат проблеми, но времето ќе покажело.

„Тутунот годинава е многу убав, нема скапан, нема трул, си викам ќе поминеме добро“, вели Методија Ѓорѓиоски, тутунопроизводител.

 

„Многу убаво ни помина денеска тутунот, скоро прва и втора, малку имаме трета, но сме задоволни“, додаде Сејдие Салиоска, тутунопроизводител.

И откупувачите признаваат дека родот оваа година е со подобар квалитет.

„Оваа година е поквалитетен тутунот во споредба со лани. И мислам дека еве досега се што проценивме се задоволни кооперантите“, додаде Верче Коцеска, проценител.

 

„Лани просечнаат цена беше околу 160 денари, очекуваме дека годинава ќе биде драстично поголема. Имавме правилен распоред на врнежи, добро сушење на тутунот, од терен нашите служби кажуваат дека оваа реколта има подобар квалитет“, изјави Кире Станкоски, директор на Тутунски Комбинат Прилеп.

Од Сојузот на земјоделски здруженија очекуваат просечната цена да биде од 180 до 200 денари.

„Гледаме во Тутунски Комбинат Прилеп дека линијата добро оди сега за сега, денеска а за понатаму ќе видиме. И тутунопроизводителите да носат тутун претежно од сите берби, така ќе биде најдобро“, потенцираше Злате Данески, претседател на здружение „Мице Козар“ Прилеп.

Од новоформираните тутунски здруженија повикаа на максимална будност и на поверениците и на инспекциите.

„Сојузот цело време да биди присутен на откупните ваги каде преку своите повереници може да делува во одбрана на родот на тутунарите. Исто така земјоделскиот инспекторат да биди буден и присутен исто така цело време“, истакна Игор Мирчески, коориднатор на новоформираните тутунарски здруженија.

Годинава тутунарите очекуваат реколтата да тежи помалку од потребните колични, односно околу 19 милиони килограми, а договори се потпишани за 22 милиони килограми тутун.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи