Јетон Шаќири ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, потврдуваат за Фактор извори од ДУИ. Шаќири досега го водеше Министерството за информатичко општество и администрација.
МИОА, со вчера потпишаниот договор меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, ќе го предводи човек на новиот коалиционен партнер. Во меѓувреме, Земјоделството го водеше Аријанит Хоџа од Движењето Беса, но партијата ја напушти Владата, влегувајќи во опозицискиот блок.
И првиот вицепремиер Артан Груби најави дека земјоделството ќе и припадне на ДУИ.
Извор: Фактор.