Македонија не е подготвена да почне преговори со ЕУ. Сакам да кажам дека е подготвена, но не гледам причина за тоа, изјави денеска Ангел Димитров, копретседател на заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Република Македонија, за БНТ.
Во пресрет на следниот состанок на Комисијата, предвиден за в четврток, Димитров истакнува дека на него ќе се разговара за она „за што се зборува веќе пет состаноци по ред“.
Тој во гостувањето во емисијата контроверзно искажува дека не постојат историски докази кои говорат за постоењето на македонскиот народ и македонската држава.
„За нив ова е лизгав терен, бидејќи нема ниту еден историски доказ во кој се зборува за постоење на македонски народ, македонска држава и дека Самуил е македонски цар, врз основа на што би се започнала една сериозна дискусија“, вели Димитров.