Во спомен куќата „Тодор Проески“ денес се одржа изложба на икони од авторот Григориј Пецанов, зограф од Струмица. Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој од авторот беше запознаен со мотивот и суштината на изложбата.
„Се повеќе настани се организираат во Крушево. Имаме различни културни, но и едукативни настани како овој. Честитам на господинот Пецаков и благодарност за одржување на оваа изложба во Крушево.“, изјави градоначалникот Христоски.
Покрај овој настан тековна е хуманитарната акција за собирање на финансиски средства во знак на хуманоста на Тоше Проески. Кутија за донации е поставена на влезот од спомен куќата и акцијата трае до 25-ти јануари, денот на раѓање на Тоше. Средствата ќе се донираат во хуманитарни цели.