Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.3.
Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 3.8 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2.9 %, сирењето и урдата за 2.3 %, месото за 2.1 %, маслото и маснотиите за 1.9 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.8 %, виното за 1.3 %, рибата и морските плодови, пивото за 1.2 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.7 % и жестоките пијалаци за 0.3 %.
Во ноември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај гасот за домаќинствата за 5.8 %, туристичките аранжмани за 3.9 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, информатичката опрема за обработка на податоците за 3.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 2.3 %, услугите за одржување и поправките на живеалиштето за 2.1 %, поправките и изнајмувањето на обувките за 2.0 %, парамедицинските услуги за 1.9 %, течните горива за домаќинствата, патниот патнички транспорт, фризерските салони и центрите за разубавување за 1.7 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 1.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, рестораните, кафулињата и слично, накитот, часовниците и рачните часовници за 1.3 %, мотоциклите, градините, растенијата и цвеќињата за 1.2 %, медицинските услуги, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.0 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за рекреација и спорт, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.9 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, другите лични предмети за 0.8 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.7 %, теписите и другите подни покривки, малите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи, другите медицински производи, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другото образование, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 %, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, големите алатки и опрема, малите алатки и останатите додатоци, терапевтските помагала и опремата, моторните возила, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.4 %, текстилот за домаќинството, стоматолошките услуги, домашните миленици и сродните производи за 0.3 %, облеката, актуелните ренти исплатени од станари, услугите за сместување за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 7.0 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.8 % и млекото за 0.3 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 17.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, медиумите за снимање за 1.2 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.0 %, обувките за 0.7 %, големите електрични апарати за домаќинството за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6.2 %.