Цените на угостителските услуги во ноември во споредба со октомври годинава се зголемени за 0,5 проценти.
Споредено по групи на услуги, според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Храна за 0,7 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,2 проценти и Ноќевања за 0,2 проценти.
Угостителските услуги во ноември годинава во однос на ноември лани поскапеле за 1,2 проценти.
Во периодот јануари – ноември годинава во однос на истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,5 проценти, додека во однос на декември лани за 0,3 проценти.