Бугарија нема да го повлече ветото за Македонија, а Албанија може да ги почне преговорите со EУ

Facebook
Twitter
Email
Print


Бугарија нема да го промени ставот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија на Македонија и овој став на Бугарија ќе се брани за време на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ“, што ќе се одржи на 14 декември во Брисел, пренесува „БГНЕС“, повикувајќи се на информации од бугарската влада.

Во изјавата се појаснува дека Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Македонија и Албанија, како и на Рамковната позиција за европската перспектива на двете држави, усвоен од Владата на 9 октомври 2019 година и поддржан со декларацијата на Националното собрание од наредниот ден.

Во декларацијата на бугарскиот парламент, со која се поставуваат услови за евроинтеграцијата на Македонија,  се негира постоењето на македонски јазик и се бара бришење на изразот “бугарски фашистички окупатор”.

За Бугарија, останува одлучувачки основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат. Бугарија верува дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција – гласи ставот на бугарската влада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи