Стопанската комора на Македонија најавува неколку стратешки промени во работењет и го претстави новиот концепт на работа насловен како „Комора на иднината“.
Клучната промена е функционирањето на четири нови совети фокусирани на развој, иновации и знаење, кои треба да креираат алатки за таа цел како што се Институт за извоз, Школа за бизнис лидери, Клуб на извозници, Клуб на старт ап компании, Модули за поддршка на мали и средни претпријатија, Берза на труд, преквалификации, вмрежувања, едукација, како и организирање на меѓународни конференции.
Советите веќе се конституирани со усвоени програми за работа и финансиски планови и ќе стартуваат со работа од утре.