ВИДЕО – Институтот за старословенска култура со обвинувања до прилепскиот музеј дека не им дозволува да работат на Баба и Колобаиса


Археолошките истражувања на локалитетите Баба кај вештачкото езеро во Прилеп и античката населба Колобаиса кај Трескавец се оневозможени за 2022 година затоа што Заводот и музеј Прилеп не сака да потпише договор за соработка со Институтот за старословенска култура кој досега, со години истражуваше на овие места. Тој договор е и услов за апликацијата на овие проекти до Министертсвото за култура. Од Институтот вината ја гледаат во директорот на музејот Благоја Атанасоски, кој  велат дека од само за него познати причини, не сакал да го потпише овој меморандум за соработка.

„Заводот и Музеј Прилеп нема никакви специјалисти во областа средновековна археологија и дицно античка археологија. Да ги има, па ајде ќе речеме дека ние им го завафаќаме просторот за работа. Ние на некој начин нивните дејности ги завршуваме, а не спречуваат и она што го реализираме во нивно име, а ние имаме свој  научно истрачувачки интерес во тоа. Бидејќи овие проекти ни се основа за да ги продолжиме нашите истражувања“, истакна д-р Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура Прилеп.

Со стопирањето на овие проеки, се онезвозможуваат понатамошни истражувања на локалитетите, како и нивна заштита и конзервација.

„Оние истражувања кои што треба да резултираат со соодветна валоризација, а таа валоризација треба да произлезе од нашите истражувања, во суштина е една работа која што ние во рамки на нашата научна истражувачка работа ја обавуваме, е апсолутно конзистентна со она што треба да го прави Заводот и Музеј Прилеп. А од друга страна, што е апсурдот во целата ситуација, тие не блокираат во нашата научно-истражувачка работа, автоматски со тоа се блокираат себеси“, додаде д-р Христијан Талевски, научен соработник во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

Од Заводот и Музеј Прилеп велат дека немало проблем во соработката со Институтот која повеќе години била на високо ниво. Оваа година не се потпишал потребниот договор затоа што Институтот задоцнил со поднесување на потребните документи.

„Пријавите не ги поднесоа на време и така што остана ние да конкурираме за тие локалитети. Нашата институција поднесе пријави за тие два локалитети. Сметајќи дека ние исто така имаме стручен кадар, археолози, кои би одговориле на таа проблематика и би ја извршиле успешно работата“, изјави Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

Од Институтот пак ги негираат овие тврдења и велат дека ги имаат потребните документи на кои се гледа дека рокот за поднесување е запазен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи