Мирчески: Откупот на тутунот е катастрофа, да се стави крај на грабежот или одиме на протести

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почитувани, кратко и јасно откупот е катастрофа. Ако мислите дека и оваа година ќе го земете тутунот без пари, веднаш да ви кажам сте се излажале, вели во своето соопштение Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

„Сакам да им појаснам на тутунопроизводителите дека новите здруженија не учествуваат во сојузот на Менде Стомнароски кој го има добиено овластувањето од мзшв па оттука немаме никакви можности да бидеме рамноправен партнер во договарањето со откупувачите.

Сојузот е тој што ги користи нашите пари и има можност да реагира на овој катастрофален почеток. Затоа Го повикувам господинот Менде Стомнароски да излезе и да не се крие бидејќи се пофали дека донесол историски правилник и во интерес на тутунарите да објасни како се откупува тутунот и која просечна цена се постигнува.

Исто така додека политичките партии се занимаваат со мнозинства, влади, конгреси, распределба на министерства,кадровски решенија, народот тоне во сиромаштија,безпарица препуштени сами на себе.

Сета оваа рашомонијада ја користат откупните претпријатија и не дерат.

Затоа јавно го повикувам и земјоделскиот инспекторат ПОД ИТНО да излезе на терен за да стави крај на овој грабеж и да не дозволи квалитетна реколта да се откупи по цена на ѓубре.

Во спротивно излегуваме со масовни протести и блокади. Доста лаевме на фејзбук ова не се трпи“, вели во соопштението координаторот на новоформираните тутунски здруженија, Игор Мирчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи